Свет
15. September 2017 - 11:13

На 3 септември Пјонгјанг навистина лансирал хидрогенска бомба

За време на нејзината шеста нуклеарна проба, Северна Кореја навистина лансирала хидрогенска бомба, како што соопшти тогаш, изјави началникот на Стратешката команда на Вооружените сили на САД, генералот Џон Хајтон. 

- Го видов случувањето, ги видов вестите по него и „скалата“ (на тестот) ми дава основа да заклучувам дека станува збор за хидрогенска бомба, нагласи Хајтон. 

Тој истакна, дека САД и нивните сојузници треба да подготват правилен одговор на акциите што ги презема Северна Кореја. 

Хајтон призна дека „не е нуклеарен научник“ и не може да биде сигурен дека Пјонгјанг изработил нуклеарно полнење, но како војник претпоставува дека станува збор за хидрогенска бомба.