Н1: Граѓаните на Србија точат најскапи бензин и дизел
Граѓаните на Србија во моментов точат најскапо гориво во споредба со другите жители на државите од поранешна СФРЈ, објави денеска порталот Н1.
Цената на бензинот од 95 октани на пумпите во Србија од минатиот петок изнесува 184 динари, што според средниот курс на Народната банка на Србија е 1,57 евра, додека литар дизел чини 209 динари, односно 1,78 евра, пренесе Бета.
Бензинот (95) е најевтин во Црна Гора – 1,45 евра, додека најниска цена на дизелот во моментов има во Северна Македонија, каде што чини 1,47 евра.
Во Хрватска од 9 август литар бензин од 95 октани чини 1,50 евра, додека цената на дизелот е 1,61 евро. Според регулативата што ја усвои Владата на Хрватска, сегашниот начин на пресметување на највисоките цени ќе се применува во наредните седум дена и ќе важи за сите малопродажни места.
На пумпите во Словенија на 2 август бензинот 95-ка поевтини за девет центи и чини 1.534 евра, а цената на дизелот е намалена на 1.676 евра за литар. Сегашните цени на горивата ќе важат до 16 август.
Литар дизел во Црна Гора чини 1,55 евра, додека во Северна Македонија од 9 август цената на бензинот и дизелот е изедначена – 1,47 евра.
„Цените на горивата во Босна и Херцеговина не се ограничени и се разликуваат од пумпа до пумпа. Во кантонот Сараево моментално најниската цена на бензинот е 1,51 евро за литар, а дизелот е 1,62 евра. Цените се уште поповолни во Мостар, каде литар бензин чини 95 октани може да се најде по цена од 1,46 евра, а дизел гориво за 1,59 евра“, наведува Н1.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари