МЗЗПР: Во 2017 година во Македонија се пријавени 158 несреќи на работните места
Безбедноста и здравјето при работа (БЗР) како збир на мерки, нормативи и стандарди пропишани за создавање на безбедни услови за работа во Република Македонија е УСТАВНА категорија.
Терминот БЗР - „Безбедност и здравје при работа“ не се означува само заштитата на вработениот од физички повреди и професионални заболувања, туку и заштита на неговата психичка личност.
Целта на македонскиот Закон за БЗР е да се воведат мерки кои ќе поттикнат подобрување на безбедноста и здравјето при работа.
Во 2017 година во Македонија се пријавени 158 несреќи на работните места, од кои 24 се смртни случаи.
Во ЕУ годишно во просек има околу 3 милиони несреќи од кои 4.000 смертни случаи на работните места.
Клучна пресвртница во подобрувањето на безбедноста и здравјето при работа претставува воведувањето на Европската Рамковна директива за безбедност и здравје при работа (Директива 89/391 ЕЕЗ), усвоена во 1989 година.
Рамковната директива, со својот широк опсег на примена, и понатамошните директиви фокусирани на специфични аспекти на безбедноста и здравјето при работа се основите на европското законодавство за безбедност и здравје.
Директивата е правен акт предвиден во Договорот за ЕУ. Таа е обврзувачка во целост и ги обврзува земјите-членки да го транспонираат во националниот закон во определен рок.
Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) придонесува Европа да стане побезбедно, поздраво и попродуктивно место за работа. EU-OSHA промовира култура на превенција на ризици за подобрување на условите за работа во Европа.
Формирана од Европската унија во 1994 година, со седиште во Билбао, Шпанија, Агенцијата истражува, развива и доставува веродостојни информации за безбедноста и здравјето, поврзувајќи се во една мрежа со организациите ширум Европа.
Активностите кои ги презема EU-OSHA се насочени кон кампањи за подигнување на свеста за БЗР, превенција од ризици, градење партнерства и истражувања во сферата на БЗР.
EU OSHA постојано воведува нови мерки и спроведува различни кампањи.
Mакедонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) е focal point на EU-OSHA и традиционално се приклучува кон промовирање на овие кампањи.
Овогодинешната кампања во рамките на Европска недела за безбедност и здравје при работа (22-26 Октомври 2018 годинабеше со наслов „Управување со опасни супстанци“.
Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР)
Ново на Сител
-
Позитивни финансиски резултати на Алкалоид
-
Од моден дизајнер до државен првак во бодибилдинг | Катерина Попева | Sitel Podcast 083
-
Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина
-
Kривична против десет припадници на затворска полиција во затвор „Скопје“
-
Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод
-
Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
-
Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево
-
Рубио: САД нема да дозволат Русија да стане „помлад партнер“ на Кина