Кошарка
6. October 2015 - 10:56

МЗТ Скопје во ,,Пионир'' по втора победа во АБА лигата

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје вечерва гостува во Белград.
 
Во натпревар од 3.коло на регионалната АБА лигата, аеродромци вечерва од 21 часот во ,,Пионир'' ќе играат против Партизан.
 
Црно-белите кои речиси комплетно го реконструираа тимот ги загубија првите два меча, додека МЗТ во овој дуел ќе атакува на втората победа.
 
Покрај овиј натпревар денеска во АБА лигата ќе се играат уште три средби и тоа: Задар - Ц.Звезда, Цедевита - Цибона и Тајфун - У.Олимпија.