Loading Video...
Кошарка
17. July 2020 - 10:27

МЗТ Скопје останува во АБА 2 лигата

 
Актуелниот македонски првак МЗТ Скопје Аеродром и следната сезона ќе игра во втотарата АБА лига 
 
Откако на Собранието на реагионалната кошаркарска АБА лига синоќе беа извлечени двојките за првото коло, а со тоа формиран и распоредот за новата сезона, станува јасно дека словенечкиот тим Приморска ќе биде состеван дел од прволигашката конкуренција, што практично значи дека МЗТ Скопје Аеродром ќе остане во втората лига. 
 
Со ова дефинитивно паднаа надежите на аеродромци за враќање во елитната конкуренција, па сега „сино-белите“ шансата за тоа ќе мора повторно да ја бараат преку натпреварите во АБА 2 лигата. 
 
Таму пак, Македонија ќе има и свој втор претставник, екипата на Работнички, па љубителите на кошарката во нашата земја ќе имаат мошност да следат два дополнителни натпревари на големите ривали МЗТ Скопје и Работнички
 
Инаку сезоната во прва АБА лига ќе започне на 19 септември, а регуларниот дел е предвидено да заврши на 28 март, по што веќе на 4 април 2021 ќе започне и плеј-офот.