Loading Video...
Кошарка
5. December 2019 - 15:31

МЗТ Скопје останува непоразен во „Јане Сандански“

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром незнае за пораз пред двоите симпатизери. 
 
И по шестиот одигран натпревар пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“ кошаркарите на МЗТ Скопје остануваат непоразени. Аердодромци во неизвесен меч од регионалната АБА2 лига, а во кој победникот беше решен во последната секунда го совладаа Нови Пазар со 89:87.
 
Заморот си го стори своето, во текот на целиот ниту еден од тимовите не успеаја да направи значајна предност, а иако гостите при нерешен резултат (87-87) го имаа последниот напад, во кој постигнаа и кош, сепак судиите не го признаа односно проценија дека имало фаул врз Ерон Харис кој на шест десеттинки до крајот ги реализира двете слободни фрлања. 
 
Со последните два поени и вкупно 18 Харис беше и најефикасен во редовите на МЗТ Скопје за кој Бојан Крстевски постигна 16 поени, а Џабари Хиндс и Андреј Магдевски по 14 поени.
 
Со новата победа и скор од 8 победи и само 2 порази МЗТ Скопје го презеде лидерското место на табелата од Борац кој денеска ќе го одигра својот меч од 10.коло против Динамик. 
 
Во следното 11.коло македонскиот првак гостува во Цетиње, кај црногорскиот Ловќен на 12 декември (18 часот).