-->
-->
МЗТ Скопје го пречекува непоразениот Карпош Соколи
-->
Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром попладнево го пречекува тимот на Карпош Соколи во меч од првата македонска кошаркарска лига.
Со дерби дуелот кој ќе се игра во малата сала на СЦ „Јане Сандански’’, а во кој МЗТ Скопје ќе се обиде на Карпош Соколи да му го нанесе првиот пораз сезонава, ќе биде комплетирано 6.коло во прволигашката конкуренција.
Во претходно одиграните натпревари од оваа рунда Куманово како гостин го совлада Работнички со 82:64, Кожув беше подобар од Струмица со 77:58, а Фени Индустри го декласира гевгелиски Бест со 102:63.
Табела: Карпош Соколи 10 бодови (-1 натпревар), МЗТ Скопје А. 9 (-1), Фени Индустри 9, Работнички 9, Кожув 9, Куманово 9, Струмица 8 и Бест 6.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација