МЗ: Воведовме три нови типови инсулин, се изготвуваше нова стратегија за третман на дијабетес
Министерството за здравство соопшти дека е целосно посветено на обезбедување најквалитетен третман за сите пациенти со дијабетес.
Во 2018 година, направени се значајни реформи со измената на Законот за лекови и медицински средства. Нема повеќе инсулини од паралелен увоз како порано и во државата донесени се оргинални инсулини со сертификат, какви што се носат во сите развиени европски земји. Воведени се три нови типови на инсулин, два инсулински аналози, инјектибилни и таблетарни. Со ова, значајно се подобрува квалитетот на третманот на дијабетесот, информираат од Министерството.
Со сите чинители, посочуваат, активно се работеше во изготвување на новата 10-годишна стратегија за третман на дијабетес, која во себе содржи елементи кои ја подобруваат превенцијата, раното откривање на дијабетесот, соодветниот третман на ниво на секундарна и терциерна здравствена заштита, а по нејзиното носење почнува ревитализација на сите центри за дијабетес ширум Република Северна Македонија.
Со Предлог-буџетот за 2020 година, обезбедуваме инсулини, инсулински игли, глукагон, ленти за мерење на шеќер и пумпи за континуирано снабдување на инсулин, во висина од 750 милиони денари, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање