Македонија
29. May 2021 - 11:14

МЗ: Вчера се аплицирани 13.592 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 429.464 граѓани. 

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 233.844 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.411 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.592 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 304.904 дози вакцини, а ревакцинирани се 71.060 граѓани. Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина, 34 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина. 

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп. 

 

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат. 

 

Со почит, 

Одделение за односи со јавност 

Министерство за здравство