МЗ: Вакцини против грип има, закажани 20.069 граѓани за бесплатно вакцинирање
Министерството за здравство соопшти дека до вчерашниот ден се закажани 20.069 граѓани за бесплатна вакцинација за наредните денови во трите поликлиники Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров во рамки на Здравствениот дом во Скопје и низ центрите за јавно здравје во целата држава.
Од Министерството наведуваат дека вакцини против сезонски грип има и дека в понеделник следува нов пресек со состојбата за закажаните термини за бесплатна вакцинација, а ќе се пуштат и сите останати термини.
Здравствените установи се добро организирани и има одѕив од граѓаните за вакцинација. Во моментов има доволно колични на вакцини за сите оние кои сакаат бесплатно да се вакцинираат. Дополнително, треба да пристигнат и 14,400 дози од вакцините, посочуваат од Министерството и апелираат граѓаните да се вакцинираат против сезонски грип, за да го заштитат своето и колективното здравје.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација