МЗ: Пристигна лекот „Калидеко“ за пациентите со цистична фиброза
Министерството за здравство соопшти дека денеска на Клиниката за детски болести е дистрибуиран лекот „Калидеко“, терапија за пациентите со цистична фиброза кои се носители на III -klasa CFTR „gatting“ мутација.
Оваа терапија, која ја набави Министерството за здравство, како што се посочува, е за тројца пациенти кои ја имаат оваа ретка болест, со што им обезбеди лек за цела година.
– Министерството за здравство почнувајќи од 2017 година е во редовна комуникација со здруженијата на пациентите со ретки болести, а со таквиот пристап значајно се зголемија буџетите во делот на ретките болести. После три години иницијални состаноци значајно е зголемен и бројот на лековите кои се вклучени во програмата за ретки болести и се бесплатни за овие пациенти. Со ребаланс на буџетот за 2021 година за третман на пациенти со ретки болести се обезбедени 580 милиони денари, што е значително повеќе, споредено со 2017 година, кога за буџетот на оваа програма биле издвоени 214 милиони денари, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата