МЗ: Најголемо зголемување на платите досега во здравството
– Направено е најголемо зголемување на платите во јавното здравство досега. За две години направени се рекордни зголемувања во платите на здравствените работници, а медицинските сестри првпат се вистински вреднувани и почитувани, соопшти Министерството за здравство.
Во месец септември 2018 година, на 19.123 вработени во јавно-здравствените установи им се зголеми основицата за плата за пет отсто. Во јануари 2019 година, следуваше дополнително зголемување на платите на здравствените работници, доктори, медицински сестри, болничари, техничари. пет отсто за медицинските сестри, осум отсто на медицинските сестри на клиниките и десет отсто за докторите специјалисти. Во септември 2019 година, за пет отсто е зголемена платата на администрацијата во здравството, посочуваат од Министерството.
Од февруари 2020 година, како што се истакнува, за 25 отсто се зголемуваат платите на лекарите специјалисти, а за 10 отсто на медицинските сестри. Вкупно, со сите зголемувања од 2018 година, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40 отсто, а на медицинските сестри меѓу 20 отсто и 23 отсто.
Од Министерството наведуваат дека исто така зголемени се коефициентите за исплата на дежурства и ноќен труд на медицинскиот кадар, некои типови дежурства се зголемени за два до три пати, а првпат приватните специјализанти се платени за својот труд.
Вложуваме во човечкиот капитал и водиме вистинска грижа за нашите здравствени работници, тие да бидат мотивирани во својата работа и својата иднина да ја градат во нашата држава. Во комуникација со синдикатите постигнати се историски договори за вреднување на вложениот труд на медицинските сестри. Министерството за здравство и Владата ги слушаат потребите на здравствените работници и се носат одлуки со кои им се подобрува квалитетот за работа. И во наредниот период, продолжуваме со унапредување на условите за работа на сите здравствени работници во Република Северна Македонија, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили