МЗ: Изразуваме неизмерна почит и благодарност на семејството кое одлучи да ги донира срцето и бубрезите
Министерството за здравство ја информира јавноста дека утрово на Клиниката за кардиохирургија е извршена третата трансплантација на срце во историјата на нашата држава.
Операцијата беше извршена врз 39 годишна жена, со вродена срцева маана, кoја подолго време чекаше донор. Станува збор за тешка операција, која тареше 5 часа, а поради сериозноста на истата, следните 48 часа се критични за пациентката.
Донираното срце е од починат пациент чие семејство ја покажа својата големина и човечност и одлучи да ги донира срцето и бубрезите за да се спасат три животи. За овој гест на хуманост министерот за здравство д-р Венко Филипче, Министерството за здравство и целиот медицински персонал им изразуваат неизмерна почит и благодарност.
На Клиниката за урологија во тек е трансплантација на бубрези кај двајца пацинети за чија здравствена состојба Министерствот дополнително ќе ја информира јавноста, откако ќе завршат операциите.
Во трансплантацијата на органи учествуваа хирурзи, анестезиолози и останат медицински персонал од државните клиники Кардиохирургија, Кардиологија, Урологија, Нефрологија, Институтот за траснфузиона медицина, за Рентгенологија, КАРИЛ и лекарски тим од Клиничката болница Жан Митрев.
Ново на Сител
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи
-
Семејното насилство станува скоро секојдневие, а службите бараат поголеми мерки за негово спречување