Македонија
14. February 2021 - 13:08

МЗ: Досега се пријавени 4000 здравствени работници за вакцинација против Ковид-19

Досега се пријавени 4000 здравствени работници за вакцинација против Ковид-19. Од нив, околу 2000 здравствени работници се во градот Скопје, а останатите се во другите градови, соопшти Министерството за здравство.

Со денешната прва пратка на вакцините од компанијата „Фајзер“ кои пристигнаа од Република Србија, посочуваат од Министерството, ја почнуваме вакцинацијата во Македонија.

Македонскиот здравствен систем е целосно спремен за имунизација на населението. Први ќе се вакцинираат здравствените работници во модуларната болница во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Првите 4680 од вкупно 8000 вакцини од Србија се сместени во фрижидерите во Институтот за трансфузиологија. Вакцините се развиени на безбедни платформи и со нив ќе го спречиме ширењето на Ковид-19, стои во соопштението.