МЗ: Бремените и хронично болните денеска и утре да не одат на работа
Бремените жени и хронично болните лица над 60 години денеска и утре да бидат ослободени од работа, а за работните на отворено да се реорганизира работното време, поради екстремно ниските температури кои можат да бидат ризични по здравјето на овие лица, препорача Министерството за здравство.
Државниот советник за здравствена заштита при Министерството за здравство Јованка Костовска на вчерашната прес-конференција на Управувачкиот комитет соопшти дека согласно податоците на УХМР се очекува Осоговско-малешевскиот (Делчево, Виница, Берово) и Полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Кичево) и денеска да бидат зафатени со температури од портокалова фаза и дека ниските температури ќе продолжат и утре.
- Овие податоци од овие два региона бидејќи минимално се разликуваат од потадоците за останатите региони во однос на температурите за еден, два до три степени, Министерство за здравство и Комисијата за превенција од студени бранови препорачува овие денови, почнувајќи од денеска, бидејќи е работен ден и во вторник да се ослободат од работни обврски бремените жени и хронично болните лица над 60-годишна возраст со цел заштита на нивното здравје. Препораките се за целата територија, меѓутоа со посебен акцен на Осоговско-малешевскиот и на Полошкиот регион, рече Костовска.
За работниците, пак, кои што работат на отворено, додаде, треба да се внимава работните обврски да ги практикуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци се со цел заштита на нивното здравје.
Според неа, голем проблем се и падовите и скршеници како последица на лизгавоста на улиците, поради што се препорачува внимателност на граѓаните за да не дојде до скршеници.
Од среда се очекува благ пораст на температурите.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Русија е целосно одговорна за ескалацијата во Украина
-
Земјотрес почувствуван во Македонија
-
Германија го објави кризниот план во случај на војна со Русија
-
Пентагон: САД беа информирани од Москва кратко време пред лансирањето на балистичката ракета против Украина
-
ЦУК: Изминатото деноноќие четири пожари на отворено, сите се изгаснати
-
Притвор и кривична за лице од Богданци за криумчарење на 10 мигранти
-
Нетанјаху ги осуди налозите за апсење на МКС за воени злосторства
-
Сиљановска Давкова денеска на Шекеринска ќе и го честита изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО