Македонија
16. May 2016 - 15:35

МВР спроведе обука за униформираните службеници за ракување со „Стингер“

Во рамките на Проектот финансиран од ЕУ за обуката на униформираните полициски службеници за контрола и безбедност во сообраќајот денеска на пракингот кај СЦ „Борис Трајковски“, МВР одржа обука за новиот систем за присилно запирање „Стингер“.

Според началникот на Одделение за безбедност при патниот сообраќај при СВР Скопје Златко  Спасески обуката претставува јакнење на капацитетите на полицијата особено, како што рече, на граничното работење, во организираниот криминал како и работењето на сообраќајната полиција.

- Министерството за внатрешни работи спроведува континуирана обука на униформирмирани полициски службеници на целата територија на Република Македонија. Во Скопје спроведовме обука за работа во сообраќај која претставува избор на место за контрола и самата контрола на возило со употреба на така наречените пресретнувачи, појасни Спасески.

При демонстрацијата на системот, полицијата го подметна Стингерот пред возилото во движење со осомниченото лице пришто се оштетија предните два пневматика на автомобилот, кој потоа запре со возење, а осомничениот беше приведен.

Проектот „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување, работата на полицијата со заедницата и борбата против организираниот криминал“ обезбедува стратешка поддршка на МВР и Бирото за јавна безбедност со цел зголемување на оперативната ефикасност.