Македонија
1. August 2023 - 12:15

МВР со детали за страшната сообраќајка во Скопје во која загина пешак

25-годишен пешак загина по сообраќајна несреќа помеѓу два автомобила.

- На 31.07.2023 во 23.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека  на ул.„Словенечка“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.О.(39) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, управувано од А.С.(41) од Скопје, при што возилото со скопски ознаки удрило во пешакот М.В.(25) од Скопје, информира МВР.

Како што информираат од МВР, по несреќата пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнал на повредите. Возачот С.О. и неговата сопатничка М.О.(28) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот А.С. со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.