Македонија
7. September 2021 - 11:24

МВР со детали за сообраќајката во Кавадарци

Еден малолетник е полесно повреден, а со потешки повреди се здобиле малолетничка и 35-годишник во сообраќајката која ноќеска се случи во Кавадарци.

- На 06.09.2021 во 22.30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на ул.„Браќа Хаџи Тефови“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од З.З.(35) од Кавадарци и велосипед управуван од малолетник од Кавадарци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетничка која се превезувала на велосипедот, а со телесни повреди се здобил возачот на велосипедот, констатирани во болницата во Кавадарци, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.