Македонија
24. July 2020 - 15:38

МВР со детали за пукањето на „Пластичарска улица“

На 23.07.2020 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреда бил донесен Р.Б.(68) од Скопје. Според пријавеното, во неговиот продажен објект на бул.„Никола Карев“ околу 21.30 часот дошле Е.С.(33), Н.С.(56) и Џ.С.(27), сите од Скопје и физички ги нападнале неговите синови Е.Б.(41) и Е.Б.(27).

Според пријавеното, Р.Б. од горниот кат се симнал да види што се случува, при што Е.С. од пиштол испукал еден куршум и го повредил во десната надколеница, по што напаѓачите избегале. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.