Македонија
30. November 2021 - 20:05

МВР: Пријавата за бомба е лажна

МВР по дојавата за поставена бомба во центарот на Скопје утврди дека станува збор за лажна пријава.

- Ја известуваме јавноста дека МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна.

Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. 

Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата. - известуваат од МВР.