МВР: Познат идентитетот на петте лица кои загинаа во сообраќајка во Драчево
На булеварот „Борис Трајковски “ во Скопје, вчера во 23: 40 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот М.Ј. од Скопје и патничко возило „Рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ј.Л. од Скопје, објави КУРИР
-Во незгодата возачот Ј.П. и сопатниците возилото „Рено“, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото. Додека, возачот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција, информираат од МВР за КУРИР.
Ново на Сител
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов