Македонија
23. October 2021 - 17:36

МВР постапува за случајот во ОУ „Панајот Гиновски“ каде наставник тепа ученик

МВР постапува за случајот во ОУ „Панајот Гиновски“ во скопската општина Бутел, од каде произлезе видео на кое се гледа како наставник тепа ученик.

- Денеска околу 15.45 часот во Полициската станица Чаир, К.А.Р., директорка во основно училиште во скопската населба Бутел, поднесе писмено известување во врска со видеото од социјалната мрежа „Тик-Ток“, информира МВР.

Во врска со случајот МВР презема мерки за негово расчистување, а уште во текот на денешниот ден на разговор се повикани лицата инволвирани во случајот. Известен е и Јавен обвинител.