Македонија
22. July 2021 - 16:14

МВР: Oд 07:00 до 11:00 33 возачи возеле со над 150 километри на час во Тетово

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово денеска (22.07.2021) од 07.00 до 11.00 часот спроведена е уште една од континуираните акциски контроли за брзина, во која вкупно биле откриени и санкционирани 33 прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-16). Од нив 3 биле пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место за повеќе од 70 километри на час, односно тие возила се движеле со над 150 километри на час.

Преостанатите 30 пречекорувања на пропишаната брзина биле за 50 до 70 километри на час. При контролата, исто така, санкционирани се и 2 (ТЕ) пречекорувања на максималната брзина во населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции.