Македонија
11. July 2019 - 16:21

МВР не било одговорно за протоколите за комуникација, требало да постапува секој кабинет поединечно

Протоколи за водење комуникација има за секој државник и истите треба да се следат порача првиот човек на МВР.

Спасовски не чувствува одговорност за случајот со лажните телефонски разговори на кои наседнал премиерот. МВР нема ингеренции да се грижи за овие работи туку за тоа се задолжени вработените во владините кабинети.

Спасовски вели дека безбедносната состојба во државата во моментов е мирна и стабилна.

Во МВР постои посебен оддел што се занимава со компјутерски криминал вели Спасовски.  Во тек е и подготовка на нова стратегија за сајбер безбедност која ќе се работи заедно со Министерствто за информатичко општество бидејќи хибридните напади се глобален проблем за кој не се посветувало до сега многу внимание.