Македонија
7. August 2016 - 10:16

МВР: Големото невреме кое синоќа го зафати Скопје зеде 15 жртви

 
Големото невреме кое синоќа го зафати Скопје и околината однесе 15 жртви, потврдуваат од МВР за Република. Според информациите од полицијата жртви се потврдени во Арачиново и областа, Сингелиќ и Стајковци како најпогодени места од невремето. Со тешки повреди во ургентниот центар во Скопје се примени 11 луѓе.