Македонија
3. November 2017 - 18:48

МВР: Двајца сниматели приведени поради неовластено снимање пред и во објектот на Судот

Поради неовластено снимање пред и во објектот на Судот, вчера во 14 часот по претходна координација и насоки дадени од дежурен јавен обвинител во полициската станица Кисела Вода беа приведени М. И. (29) од Скопје, снимател од македонска телевизиска куќа и Б.У. (35) од Косово, снимател на телевизиска куќа од Косово, информира МВР.

- Со приведените лица е извршен службен разговор во полициската станица Кисела Вода по што тие се пуштени. Од страна на СВР-Скопје ќе биде доставено известување до скопското Основно јавно обвинителство за досега преземените мерки, соопшти МВР.

Во овој, како и во сите други случаи, се истакнува во соопштението, МВР постапува согласно законските норми и надлежностите, при тоа доследно применувајќи ги професионалните стандарди.