„Музика за флејта и пијано“ на отворањето на Петровденски конаци во Кочани
Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани концерт со наслов „Музика за флејта и пијано“ одржаа флејтистката Златка Митева и пијанистката Наташа Трбојевиќ, со што започна 11. издание на културната манифестација „Петровденски конаци“.
Во едночасовниот настап пред кочанската публика тие исполнија дела од Стојан Стојков, Александар Џамбазов, Томислав Зографски, Љубомир Бранѓолица, Трајко Прокопиев и други македонски автори.
- Голема чест за нас е настапот токму на отворањето на „Петровденски конаци“ во Кочани, манифестација која исполнува дел од летните културни содржини во градот. Концертот се совпадна и со програмата за одбележување на 50-годишнината од основањето на Центарот за култура “Бели мугри“, поради што се одлучивме да исполниме дела само од домашни автори, истакна флејтистката Златка Митева.
Митева и Трбојевиќ се професорки по флејта и пијано на Универзитот „Гоце Делчев“ во Штип, а самостојно и како членови на камерни состави досега имале повеќе концерти во Македонија и во странство.
На концертот во Кочани присуствуваше и Панда Беличанец Зографска, основач на Фондацијата Зографски, која истакна дека изведбата на дела од нејзиниот сопруг се совпаѓа со одбележувањето на 85-годишнината од неговото раѓање.
Манифестацијата „Петровденски конаци“ продолжува вечерва со ликовен перформанс со уметниците Божица Милојевиќ, Владимир Темков, Новица Трајковски, Љупка Галаска Василев, Игор Љубовчевски-Љубац и Гордана Винчич, кои ќе творат по инспирација од Кочани.
Ново на Сител
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово
-
Плата за живот
-
179 загинати и двајца преживеани во авионска несреќа во Јужна Кореја
-
Преглед на вестите од светот