Македонија
19. May 2019 - 18:29

Музичката сцена во Србија разочарана што македонското жири не даде ниту поен за српската претставничка

„Благодариме на браќата од Македонија на нулата, јас гордо гласав за Тамара“, напиша на својот „Твитер“ профил пејачката Гоца Тржан.

 

Реакција на неверување дека Македонија не ѝ додели поени на Србија, претходно искажа и Марија Шерифовиќ, победничката на Евровизија според која мора да се најде македонското жири и јавно да се објави кој не дал глас на нивната земја.

Инаку, македонскиот композитор Дарко Димитров беше дел од тимовите на двете земји. Тој заедно со Роберт Билбилов и Лазар Цветковски ја компонираа баладата „Proud”, а исто така го направи и аранжманот за песната „Круна” на српската претставничка Невена Божовиќ.