Џет-Сет
1. јуни 2016 - 10:12

Музичката ѕвезда на регионот денес живее на „просјачки стап"

Даниел Поповиќ беше четврти на Евровизија 1983 со хитот „Џули“, а оттогаш до денес неговата ѕвезда многу потемне.
 
Во последно време Поповиќ може да се сретне само во помали клубови, а „Џули“ му е се уште главниот хит. Имаше уште неколку во кариерата („Дај обуци левисице“, „Био сам наиван“…), но авторските права ги добија спонзорите и менаџерите кои работеле со него во времето кога беше во зенитот на славата.
 
Деведесеттите не беа особено милостиви кон него, евентуално би можел да се пофали со тоа дека во Загреб држел студио и продуцирал за изведувачи како што е Нивес Целзиус, а следната деценија ја сведе неговата популарност на обидитеда се врати на музичките фестивали и учество во реалното шоу Фарма.
 
Пред неколку години медиумите ја пренесоа неговата изјава дека на крајот станал социјален случај, дека живее на раб на егзистенција, и дека немал пари дури да им отиде на рoдителите на погреб, иако подоцна тој и неговата сопруга ги негираа тие информации. Поточно, нагласија дека „не е баш толку страшно“.
 
Јас и Даниел не сме социјални случаи, но живееме скромно во Љубљана. Се лекувам од рак веќе неколку години, така што многу пари одат на лекувањето. Не можеме да си дозволиме две недели одмор или некое патување, но ќе живееме нормално се додека сум жива, рече пред три години неговата сопруга Александра.
 
Александра е четвртата жена на Поповиќ. Со првата, Маја, поранешна македонска манекенка, ја има ќерката Анамарија. Тие двете живеат во Скопје. Со Сања Бједов Поповиќ има ќерка и син, а со третата, бивша келнерка, Сандра Греко, синот Доминик.
 
Неодамна Сандра го обвинуваше за семејно насилство и неплаќање алиментација, па беше актуелен и во медиумите и во судовите.
 
Пред две години се обиде да се врати на сцената и со нов албум да одбележи 30 години кариера, но и тоа го направи безуспешно.