Бизнис
14. October 2020 - 16:38

Музичарите бараат измена на протоколите за да може да продолжат со работа

Музичарите бараат итно да им се дозволат настапи во живо и да се ревидираат протоколите за работа. Од Иницијативата „Музика-сега!” сметаат дека нивните настапи не се причина за ширење на вирусот, а за голем дел од нив претставуваат единствен извор на приходи.

Музичарите бараат ревидирање на протоколите за работа бидејќи постоечките се конфузни и содржат многу нелогичности како, на пример, ограничувањето на бучава од најмногу 55 децибели.

Барањата и предлог протоколите музичарите ќе ги достават до Владата и Комисијата за заразни болести.

По половина година забрана, настапите во живо беа дозволени само еден месец, за Владата од пред десетина дена повторно да ги забрани.