Свет
19. April 2016 - 9:21

Мужниекс: Во 2015 година во Европа зголемини притисоците врз бранителите на човековите права и новинарите

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс, претставувајќи го својот годишен извештај пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, во прв план ја стави констатацијата дека притисоците што се вршат врз заштитиниците на човековите права и врз новинарите во Европа, станале уште поизразени во текот на 2015 година, јави дописникот на МИА од Стразбур.

- Ситуацијата која што ја опишувам е навистина тажна, Тие кои ги бранат човековите права и кои се приврзани кон Европа, не можат да молчат. На сите заштитиници на човековите права,, на сите оние кои ги штитат најранливите и на сите одговорни политичари кои им остануваат верни на нивните принципи и вредности, па и кога ги напуштаат од изборна гледна точка, барам да не отстапуваат од борбата за човековите права. Заедно, ние ќе ја надминеме оваа тешка фаза и ќе изградиме една посилна Европа втемелена врз човековите права за сите, изјави Мужниекс пред парламентарците од 47-те земји членки на Советот на Европа.

Според комесарот за човековите права, 2015 година беше обележана со страв и несигурност во Европа. Конфликтот на истокот од Украина и економските несигурности кои опстојуваат, беа загрозени од чувството на ранливост од терористичките закани и почуствуваната паника пред неспособноста да се контролира прилиовот на баратели на азил.

Тој притоа нагласи дека многу земји имаа рефлекс да се „вкопаат зад националната тврдина и да ги ограничат слободите“.

Во однос на постојаниот прилив на мигрантите и барателите на азил, за што ПССЕ ќе дебатира во текот на целиот утрешен ден, Мужниекс констатира дека тоа во бројни европски земји беше пропратено со растечки страв, кој беше нагласен со сомневањата за способноста на Европа да управува со разлилностите и само ги потхрани антиисламските предрасуди.

- И покрај непогодниот контекст, јас се залагам да бидат почитувани човековите права на мигрантите. За таа цел, јас ги разгледувам обвинувањата за протерувања и лош третман на границите, пристапот до меѓународната заштита, условите за прифаќање, третманот на ранливите групи и ксенофобијата кон новопристигнатите, нагласи комесарот за човековоте права.

Мужниекс притоа ја истакна потребата да им се дозволи на мигрантите да влегуваат во Европа преку легални и сигурни патишта, како и важноста да се воспостави и спроведи ефикасна политика за интеграција на новопристигнатите.

По бројните терористички напади, Мужниекс констатира дека некои држави членки на Советот на Европа донесоа закони кои не им посветуваат доволно внимание на заштитата на човековите права.

- Ако е легиримно да се засили буџетот и овластувањата на безбеднсоните служби, потребно е сепак да се води внимателна грижа за почитувањето на човековите права и демократско следење на изготвувањето и донесувањето на новите антитерористички мерки, рече меѓу другото комесарот за човекови права, при неговото годишно обраќање пред Парламентарното собрание на Советот на Европа.