Балкан
5. May 2016 - 13:39

Мустафа: Имаме поддршка од САД и од ЕУ за формирање војска

Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека Косово ќе има сопствени вооружени сили и оти нивното формирање има поддршка од САД и од Европската унија, објави приштинскиот весник „Бота сот“.

- Способни сме да управуваме со сите структури вклучително и правото да имаме своја војска, посочи Мустафа.

Тој додаде дека тоа го покажува фактот дека Косово добива позитивни повратни информации од меѓународната заедница кога станува збор за длабоките реформи кои ги спроведува.