Loading Video...
Фудбал
12. November 2019 - 16:38

Муслиу верува во соиграчите дека можат до добар резултат

Најдобрата македонска фудбалска селекција ги одработува мини подготовките за двата последни натпревари во евро-квалификациите. 
 
Откако вчера го имаа првиот собир, а потоа и тренинг, фудбалската репрезентација на Македонија, ги продолжува мини подготовките за дуелите против Австрија и Израел, последни во овој циклус на квалификации за ЕУРО 2020-та. 
 
Без повредените, Адеми, Трајковски и Алиоски, како и суспендираните Муслиу, Несторовски и Николов, селекторот Ангеловски и оние играчи кои ќе ги има на располагање ќе треба најнапред добро да се подготват за дуелот со фаворизираната Австрија, која ја дели само еден бод од обезбедување на пласман на Европскиот шампионат. 
 
Но, иако проблемите со кои се судрува нашиот тим се големи, сепак, дефанзивецот Муслиу кој ќе го пропушти гостувањето во Австрија, верува дека нашата репрезентацијата има капацитет да направи позитивен резултат. 
 
„Верувам дека моите соиграчи можат да одиграат храбро во Виена и да направат изненадување. Сме го покажале тоа, затоа што кога играш за репрезентација не смее да се жалиш. Сите сме квалитетни, затоа сме тука и веруваме во добар меч“, изјави Муслиу.
 
Подготовките во Скопје ќе траат се до петок кога се патува за Виена, каде ден подоцна (сабота) го играме мечот против Австрија, а три дена подоцна во Скопје против Израел ќе ги затвориме овие квалификации. 
 
Денеска беа пуштени и влезниците за последниот меч кој ќе се игра цената на Арената „Тодор Порески“, а картите ќе се продаваат по цена од 150 денари.