„Мундо Депортиво“: Новиот договор на Меси ќе биде до 2023 година
Sвездата на Барселона, Лионел Меси во скоро време ќе потпише нов договор со каталонскиот гигант, пренесува Мундо Депортиво. Актуелниот договор за шесткратниот добитник на „Златната топка“ ќе истече во летото 2021 година.
Шефовите на колосот од „Камп Ноу“ ќе му понудат на Меси нов двосезонски договор до 2023 година. Се очекува наскоро раководството и таткото и агент на фудбалерот да седнат на преговарачката маса за да ги разјаснат сите детали.
Триесет и две-годишниот волшебник не сака долг договор, бидејќи претпочита да суди на крајот на секоја сезона како се чувствува и дали неговото тело му дозволува да игра на највисоко ниво.
Меси во неколку наврати изјави дека би сакал да ја заврши кариерата во Барселона. Истата е желбата на управата на клубот и навивачите кои не можат да го замислат во дресот на друг клуб.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно