Бизнис
28. September 2016 - 17:17

Муцунски се сретна со заменик-министерот за економски развој на Косово Беса Гаши

Развој на заеднички проекти во делот на промоција на електронските услуги со цел зголемување на вработеноста, била една од темите на денешниот состанок меѓу заменик-министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски и заменик-министерот за економски развој на Косово, Беса Зогај Гаши што се одржа во Скопје.

Состанокот на кој присуствувале и стручни тимови на двете министерства, се одвивал во конструктивна атмосфера, при што било констатирано дека соработката може да се оствари на билатерално ниво, со можност за нејзино продлабочување и проширување и во регионални рамки.

- Муцунски и Гаши во исто време ја потврдија заложбата за остварување на вакви и слични средби и во иднина, во насока на реализирање на идните проекти, се вели во денешното соопштение од Министерството за информатичко општество и администрација.