Муцунски и Муртезани на средба со Калас: Потврдена посветеноста на реформите и европската агенда

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заедно со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска во Брисел остварија средба со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, Каја Калас.
Како што соопшти МНРиНТ, средбата се одржала во рамки на нивната работна посета на Брисел, а во контекст на континуираната посветеност на државата кон европскиот интегративен процес и заедничките напори за продлабочување на партнерството со Унијата во областа на безбедноста и одбраната.
- Муцунски и Муртезани ја потврдија посветеноста на реформите, европската агенда и унапредувањето на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната. Тие ја реафирмираа и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, поддршката за Украина, како и значењето на регионалната поврзаност и стратешките инфраструктурни проекти, меѓу кои и Коридор 8, стои во соопштението на Министерството.
Двајцата министри упатиле порака за важноста од предвидлива, фер и опиплива европска перспектива за целиот регион, нагласувајќи дека забрзаната и фер динамика на процесот ќе придонесе за зајакнување на кредибилитетот на проширувањето, демократската отпорност и безбедноста на регионот и Европа, додаваат од Министерството.
МИА
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Гевгелија, од утре стабилизација на времето
-

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути
-

Песков: Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ за САД е позитивен чекор
-

Свечена академија по повод празникот „Св. Климент Охридски“ под покровителство на претседателката
-

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за Белгија
-

Русија ја нападна Украина со дронови и проектили
-

Речиси 80 отсто од жителите на Еврозоната сметаат дека еврото е добро за ЕУ
-

Променливо облачно со сончеви периоди, од утре потопло
