Македонија
19. September 2018 - 11:12

Му се слошило при интервенција, скопски пожарникар почина во болница

Вчера околу 16,30 часот во Скопје, во непосредна близина на транзитниот центар за странци е опожарена поголема површина на сува трева и неколку дрвени куќички (напуштени гулабарници), додека во делот на транзитниот центар е зафатена помала површина на сува трева.

Пожарот е изгаснат од екипи на Противпожатна единица. При гасењето на пожарот на пожарникарот Г.Ј.(47) од Скопје му се слошило и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" за укажување на лекарска помош.

Во 18.30 часот Г.Ј. починал.

Со наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција