Му бев љубовница, а потоа неговата сопруга ја породив во болница!
Жените кои ќе се одлучат да бидат некому љубовница, најверојатно знаат дека на крајот ќе бидат оставени. Сепак, се случува и тој вид на болна врска да стане вистински краток роман…
-Со години бев во врска со едно момче и кога раскинавме, продолживме да се гледаме. Беше моја голема љубов, како и јас негова, но едноставно не можевме да продолжиме поради некои други причини.
Нашето гледање траеше и откако тој започна врска со неговата сегашна сопруга, а се се заврши кога таа остана бремена. Јас, инаку сум акушерка по професија, а таа случајно дојде да се породи баш кога јас бев на работа.
Имаше долго породување, десет часа, а јас бев цело време со неа и ја гледав како најдобра пријателка. Никогаш нема да го заборавам моментот кога го видов тоа мало суштество, и кога излегов во ходникот да му честитам на среќниот татко.
Тој плачеше, веројатно од среќа, а јас затоа што требаше да бидам на нејзино место.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс