Македонија
29. November 2018 - 16:18

МТВ: Нема ништо незаконски во продажбата на парцелата кај ГТЦ

Од денеска паркингот спроти ГТЦ е во приватна сопственост . Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор попладнево поради ново настанатата состојба одлучи да престане со работа паркингот бидејќи најголем дел од овој простор е вратен на повеќе сопственици. Граѓаните кои имаат извадено месечни или годишни карти ќе можат да паркираат во една од трите катни гаражи на АДСДП кои се лоциран во центарот.

- “Солунски Конгерс“, “Разловечко Востание“ и “Кресненско Востание“.  При тоа, граѓаните  треба да го запазат рокот на нивното издавање, односно тој не смее да биде  истечен. Вадењето на овие карти ќе биде на трошок на АДСДП.

Државното земјиштето во Ново Маало 2 на кое ќе се градат висококатниците е откупено по законски пат. Двете фирми кои имале 30 проценти од парцелата согласно законот побарале дооформување на парцелата и откуп на државниот имот. Од Министерството за транспорт и врски велат тие се должни да одобрат откуп , освен во случаи кога во ДУП от парцелата не е предвидена за објект од јавен интерес. Двете фирми баратели државното земјиште го откупиле  по највисоката цена, која Владата со уредба ја утврдила уште во 2016г.

Цената од 19.200 денари по метар квадратен по која беше откупено државното градежно земјиште кај паркингот спроти Холидеј ин во центарот на Скопје со дооформување градежна парцела е утврдена согласно Уредба на Владата од 30 август 2016 година која мора да ја почитуваме.

Ова земјиште останува во приватна сопственост и во случај ДУПот да претрпи промени. Ако општина Центар одлучи на ова место да гради друг објект од јавен интерес ќе мора да направи експропијација. Согласно ГУП- от ова место е предвидено за колективно домување и деловен простор, и можат да домуваат 347 семејства.

Градоначалникот на Општина Центар тврди дека до сега не е испратено барање за изградба на 60 катниците. Богдановиќ вели се уште е на сила мораториумот за градба но и кога ќе стигне на ред да се расправа по ова барање, проектот ќе го презентира пред граѓаните и ќе се потруди колку може да ја намали висината на зградата.

Овој план ќе биде ревидиран како што и до сега се предмет на ревидирање и 30 други планови во општината. Центар е една од 35 општини чии градежни земјишта се под ингеренции на министерството за транспорт. Останатите сами располагаат  и одлучваат за земјиштето.