МТСП: Во тек е исплатата на образовниот додаток за третиот мерен период
Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека е во тек исплатата на образовниот додаток за третиот мерен период.
Од МТСП појаснуваат дека исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа за првиот мерен период во текот на декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во текот на мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на јули во тековната календарска година.
Исплатата на додатокот за образование изнесува по 2.100 денари во четири еднакви износи, на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.000 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование. Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.400 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.000 дeнари.
Ново на Сител
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората
-
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
-
Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција
-
Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома
-
Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп
-
Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник, дел од опозицијата ги поддржа овие измени