Македонија
2. јуни 2020 - 9:44

МТСП: Исплатата на правата од социјална и детска заштита ќе се спроведе во три групи

Mинистерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец мај.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
– 2 јуни (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 3 јуни (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 4 јуни (четврток) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците  кои што поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денес, 2 јуни.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.