Бизнис
12. July 2017 - 19:53

МТСП: Десетици илјади работници со бенефицираниот стаж ќе можат да остварат право на пензија

Нов модел за пензионирање на работниците од ризичните професии, кој треба да го реши проблемот со пензионирањето на десетици илјади работници кои имаат прекини во бенефицираниот стаж. Намерата е бенифициран работен стаж да се пресметува врз основа на  возраста и времето поминато на ризичната работната позиција предлага министерството за труд и социјала. Со тоа, ако вработениот ги има потребните 50 години, а поминал 80 отсто од работниот век на ризично работно место, ќе може да се пензионира предвремено. Ќе се формира комисија која ќе ги разгледува барањата кои професии можат да подлежат на бенифициран стаж и ќе се прави и регистар на ризични професии.

- На рударите им се дава право на 54 години да одат во пензија но само ако имаат 30 години работен стаж на ризичната позиција. Со формирањето на комисијата  ќе се овозможи барањата кои пристигнуваат да се утврдат професиите кои ќе имаат бенифициран стаж паралелно да се воведе и регистар на ризични  професии., рече  Мила Царовска- министер за труд и социјала

Надлежните очекуваат за една година да почне  примената на новиот концепт.   Со досегашниот закон над 28 илјади лица имаат бенифициран стаж на постојано работно место, над 40 ооо  имаат прекин на бенефицираниот стаж бидејќи биле преместувани на други работни позиции  каде не се уплаќа за бенифициран стаж.

Освен рударите  со бенифициран стаж во земјава се и градежните работнции , вработените во полицијата , одбраната пилотите, во итната медицинска помоши и други јавни инситутции.