Македонија
22. September 2015 - 17:06

Мртво бебе старо седум дена донесено во болницата во Велес

Машко бебе старо само 10 дена почина во Велес. Смртта ја утврдиле лекарите во Брзата помош. Кај нив детето го донела неговата баба. Вчера утро околу седум часот жената во паника пристигнала во итната служба и барала помош за својот внук. И покрај брзата реакција на лекарите, не можел да се спаси животот на бебето..

Првичниот увид не ги покажал причините за смртта на бебето старо 10 дена. Поради ова, јавниот обвинител побарал обдукција на телото. Институтот за судска медицина ќе треба да утврди како починало детето.

Случајот го истражува и велешката полиција. Од секторот за внатрешни работи велат дека се превземаат мерки за расчистување на настанот. Инаку според неофицијални информации, починатото дете било петто во семејството.