Живот
17. December 2019 - 23:05

Мртов пијан Русин влезе во авион и почна да дивее: Едвај го совладаа и го излепија со селотејп за да седи мирен

Вистинска драма се одвивала на летот на руската авио-компанија С7 од Минералние Води за Новосибирск во Русија.

Патник на околу 50-тина години станал агресивен кон стјуардесите додека барала да „разговара“ со капетанот. Наводно сакал да влезе во пилотската кабина.

Патниците побрзале да го смират, но никако не успеавале, па со селотејп го врзале за седиштето во бизнис класата, по што, се гледа на снимката како разбеснетиот патник ги колне и навредува патниците.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи изјави дека потоа е донесен во полициска станица, каде продолжил да дивее.

„Се обиде да ги нападне дежурните полицајци“, се наведува.

Полицијата наведува дека мажот бил многу пијан при влегувањето во авионот. Еден сведок рекол дека во авионот се однесувал како „мечка“.

По повод овој случај се огласи и руското здружение на правници кое побара од членовите на посадата да обезведи пластични лисици за ефикасно да ги решаваат ваквите инциденти.