Македонија
15. May 2017 - 10:16

Мртов маж пронајден во куќа

Трагедија викендов ја потресе Македонија, откако маж беше пронајден мртов во својот дом во селото Градец во Врапчиште. 
 
Според податоците, се работи за 53-годишниот Н.Б. од селото кој бил пронајден мртов од страна на соседите, во куќата во која живеел сам. 
 
Смртта е констатирана од лекар, а по наредба на Јавен обвинителот телото е предадено на обдукција, која ќе ги даде одговорите за тоа како се случила трагедијата и како настапила смртта.