Македонија
15. November 2017 - 16:01

Мртов маж пронајден на улица во Ѓорче Петров

50 минути по полноќ од страна на медицинско лице од итна медицинска помош, било пријавено дека на улицата „Ибе Паликуќа“ во општина Ѓорче Петров во Скопје има починато машко лице.

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот при што било утврдено дека починатиот е 56-годишниот З.П. од Скопје кај кого од страна на лекар не се констатирани траги на насилство.

Во консултација со јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.