Македонија
17. April 2017 - 9:02

Можно прекинато водоснабдување утре во дел од Припор

Во дел од населбата Припор во општина Кисела Вода утре и задутре можно е да има мал прекин на водоснабдувањето поради чистење и хлорирање на резервоар Припор (зона 2).

Регионалниот центар за управување со кризи по известување од ЈП Водовод и канализација соопшти дека чистењето и хлорирањето на резервоарот ќе почне во 9 часот.