Македонија
2. November 2019 - 16:40

Можно ли е одложување на изборите планирани за 12 април?

Партиите да си ги подготват кандидатските листи за пратеници за изборите на 12 април вели премиерот Зоран Заев по најавите за можно одложување на предвремените избори поради процедурите за членство во НАТО. Тој е отимист дека целата процедура со ратификација на протоколот од страна на Шпанија и потврдата од македонскиот парламент ќе заврши до предвиденото распуштање на Собранието. Заев, сепак, вели дека неодговорно ќе биде државата да остане без парламент во случај на одложување на постапката.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ одложување на изборите е невозможна опција видејки зборот бил даден на лидерска средба на која присуствувале претседателот на државата, но и сите релеватни политички лидери. Мотивите за можното одложување лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги гледа во бегство на Заев да се соочи со изборот на граѓаните.

Според договореното на лидерската средба, парламентот треба да гласа за расоуштање на 11 февруари. Претходно до 3 јануари ќе треба да се избере и техничката влада во која министри и заменици министри добива опозицијата. Изборите треба да се одржат на 12 април.