Македонија
16. April 2021 - 14:27

Можете да сонувате за контрола на Собранието додека јас сум претседател, им кажа Џафери на пратениците

„СДСМ, ДУИ, ВМРО, Левица, Алијанса, Алтернатива и кои и да сте тука додека сум јас претседател на Собранието не можете да мислите, ни да сонувате на контрола над Собранието. Не е ваше Собранието, Собранието е на граѓаните. Јас токму затоа се борам и ќе се изборам до крај, јас сочувствувам со тие луѓе што очекуваат и чекале три месеци и чекаат шест месеци од четвртиот пакет закон мерки што не е донесен уште, кој што чека во второ читање да дојде на наредна седница за која што очигледно тие што мислат дека треба да прават контрола на Собранието нема да учествуваат во работа на Собранието на 21 за да се донесе четвртиот пакет кој што е заостанат, а пред шест месеци било овде да се разгледа на прво читање. И мене ми е мило тоа што Апсиев призна дека нема никој контрола над Собранието освен јас. Јас сум надлежен да имам контрола над ова Собрание се додека сум претседател. Ако имате поинакво мислење уште утре поднесете иницијатива. Изберете човек над кој ќе имате контрола за да можете да имате контрола врз Собранието. Додека јас дишам на оваа столица, ни ти ни Арбр Адеми, ни Јован, ни Никола, ни Скендер нема да имате контрола над овој дом. Овој дом е на граѓаните, а граѓаните на избори ќе ни кажат на сите нас. Вчера ви кажав дека не знам како ќе тече 32ра седница. Не останавте доследни на тоа што ви кажав до петок го чекам конечниот договор што ќе биде за законот за државјанство за да не испадне дека сум јас минерот на таа иницијатива за изнаоѓање решение по тоа прашање. Е ова го кажав вчера почитуван мој колега Апасиев алијас Кастро. Денеска дојдовте се потпишавте 101 пратеник овде и цел ден седите на Фејсбук и по медиуми удирате како Талат не сака. Талат одбива. Талат опструира. Еве тука влезете 21 точка има за гласање за 32 седница. Јас не викам дека мора да ги поддржувате тие точки. Сите точки се во интерес на граѓаните. Ниту се во мој интерес, ниту се во интерес на моја фамилија. Процедурата е таа, оваа седница е отворена, онака како што инсистиравте, јас ја свикав 36та седница и бев многу јасен. Член 81 од Деловникот вика дека претседателот на Собранието може да ја прекине седницата ако нема мнозинство за одлучување и во други случаи кога ќе оцени дека тоа е неопходно. Јас немам мнозинство тука за одлучување, не одлучувам јас. Вие треба да бидете 61 овде и не сте. Во Деловникот пишува времето за продолжување на прекината седница го определува претседателот, а 36та седница сум ја прекинал таму некаде. И имајќи предвив дека на 32 седница имам кворум, а сите сте подготвени да учествувате на 36та затоа ја свикав 36та а вие не сакате да учествувате“, рече Џафери на вчерашната работа на Собранието која беше прекината по двочасовна расправа преку процедурални забелешки.