Свет
16. August 2016 - 11:04

Можат ли Русија и Турција за помогнат да се дојде до крај на конфликтот во Сирија?

Њујорк тајмс - Њујорк

Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот н Турција, Реџеп Таип Ердоган, се главни играчи од двете страни на барикадата во сириската граѓанска војна. Путин обезбеди клучна воена поддршка која го држи сирискиот претседател Башар Асад на власт, а Ердоган го помага вооружувањето на опозициските групации кои сакаат да го сменат Асад.

Кога двајцата лидери се сретнаа во вторникот во Санкт Петербург за да го измазнат деветмесечниот конфликт по најразлични теми, едно од прашањата беше дали можат да постигнат некаков напредок за завршување на конликтот кој однесе животи на над 470,000 сиријци и протера од домовите уште неколку милиони. Одговорот на сириските опозициски групи беше „не“.

По средбата, турскиот министер за надворешни работи за државната информативна агенција изјави дека двете страни изразиле „заеднички погледи“ за неопходноста од сопирање на огнот во Сирија, за доставата на хуманитарната помош и за политичко решение за сопирање на кризата. Но немаше ниту збор за нивните фундаментални разидувања (вклучувајќи го и бомбардирањето од Русија на бутовниците сојузници на Турција, како и за судбината на Асад) да се намали, иако ситуацијата во Сирија таа продолжуа да се влошува.

Засега вниманието е фокусирано на Алепо - најголемиот град во Сирија до избувнувањето на војната пред пет години, кој сега е поделен на сектори и контролиран од бунтовниците и од владините сили. Во текот на јули, армијата на Асад и неговите руски сојузници ги отсекоа последните патишта за достап до источниот сектор на Алепо, кој е контролиран од бунтовниците. Потоа, во текот на викендот борбите ескалираа откако бунтовничките сили и нивните џихадистички сојузници - главно Фронтот Нусра, кој е поврзан со Ал Каеда - ја пробија едномесечната блокада. Нивниот успех ги натера силите на Асад да ги засилат воздушните напади врз бунтовничките објекти. Претсатвници од ОН велат дека два милиони луѓе биле пред опасност и од самиот почеток на напдите е најпотребна вода, храна и медицинска помош. Дали бунтовниците можат да продолжат да го држав својот дел од градот, не е јасно.

Во средата, Русија која учествува во бомбардирањето на реонот кој е контролиран од бунтовниците, објави дека воведува секојдневен тричасовен прекин на воените дејствија, за да можат хуманитарните конвои безопасно да влезат во Алепо, иако експерти тврдат дека тоа време емногу кратко за да има резултат. Се развира, скептицизмот е оправдан. Путин е дволичен партнер кој не стои на своите претходни ветувања.

Овој предлог може да е обид да се отстранат критиките кои беа дадени во понеделникот кога Советот за безбедност на ОН сослуша двајца американски лекари кои штотуку се вратиле од Алепо и каде лекувале болни и ранети деца кои умирале. Руски дипломат веднаш ги нападна нивните сведочења како „пропаганда“, која би го блокирала „политичкото решавање на кризата во Сирија“.

Целта на Советот за безбедност на ОН е договарање на политичко решение кое би ставило крај на војната по создавање на коалициска влада поддржана и од Асад и од опозициските сили, која ќе управува со земјата откако Асад ќе биде безболно отстранет од власта. Годините минати во преговори и неуспешните дипломатски напори всушност не доведоа до напредок и намалување на страдањата на населението, а уште помалку до крај на борбите.

Сега САД и Русија повторно се обидуваат да ги обноват преговорите и предлагаат договор со која се предвидува Сирија да престане да ги бомбардира бунтовничките сили, да има примирје, а американците да ги споделат своите разузнавачки информации со Русија за воздушни удари врз Исламска држава како и против Фронтот Нусра. Некои високи американски претставници велат дека споделувањеето на разузначаки вачки детали носи свои ризици, и е неопходно да се спречи опаноста која доаѓа од Фронтот Нусра да ја преземе контролата над поголема територија.

Иако претседателот постепено може да ја ескалира битката против Исламска држава, тој одби да ја вовлече САД во директна воена конфронтација со Асад и се очекува да остане на таа своја политика додека неговиот наследник не дојде на неговото место. Како би постапил републиканскиот претендент Доналд Трамп кон проблемот е многу нејасно, но кандидатката на демократите, Хилари Клинтон, зборува за поголемо воено вклучување меѓу кое и за воведување на зона забранета за летови, за да се заштити населението. Американските избирачи треба да дознаат повеќе за намерите на кандидатите. всушност, единствена вистинска надеж за сопирање на касапницата е обнова на преговорите.